Данската премиерка призна пораз на изборите

Од:

Данската премиерка Хеле Торнинг-Шмит призна пораз на парламентарните избори и најави дека ќе се повлече од местото лидер на Социјалдемократската партија.

Изборите во Данска се одржаа синоќа. Опозицијата од десниот центар победи на парламентарните избори, објавија ноќеска дански медиуми.

Опозицијата ја сочинуваат Либералната партија и Данската народна партија кои освоија 90 места во парламентот.

Партијата на левиот центар што ја предводи Торнинг-Шмит освои 85 места во парламентот во кој има 179 пратенички мандати.

Би можело да ве интересира

Жесток разговор на Трамп и данската премиерка за Гренланд

А1он

Данска прати пораки до Трамп: Спремни сме да разговараме за безбедноста на Гренланд

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор