Данската премиерка Хеле Торнинг-Шмит денеска повика на одржување парламентарни избори на 18 јуни, иако анкетите покажуваат дека нејзината коалиција на левиот центар се соочува со голема конкуренција на опозицијата.
– Данска е повторно на прав пат, излеговме од криза. Време е да ги прашаме Данците дали сакаат да го задржат овој правец, изјави премиерката Торинг-Шмит.
Анкетите покажуваат дека коалицијата на социјалдемократите е 7-8 проценти зад блокот на либералите.
Евроскептичарската Данска народна партија би можела да се најде во коалиционата влада по првпат во својата 20-годишна историја.
Четиригодишниот мандат на премиерката Торнинг-Шмит и истекува на 14 септември, додека опозицискиот блок на десниот центар предводен од поранешниот премиер Ларс Локе Расмусен има предност според најновите анкети.