Данската премиерка постави црвена линија: Гренланд не е на продажба

Од:

Данска сака да продолжи „конструктивниот дијалог со своите сојузници“ за безбедноста на Гренланд и Арктикот, но со почитување на нејзиниот „територијален интегритет“, изјави премиерката Мете Фредериксен како одговор на заканите од американскиот претседател Доналд Трамп.

– Можеме да преговараме за сите политички аспекти: безбедност, инвестиции, економија. Но, едно е, не можеме да преговараме за нашиот суверенитет, рече Фредериксен.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека прашањето дали Гренланд ќе остане под Данска не било дискутирано на состанокот со Доналд Трамп, откако американскиот претседател ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на воена сила за преземање на контролата врз Гренланд.

Данската премиерка нагласи дека „одржува близок дијалог со НАТО“ и додаде дека редовно разговарала со Руте, „особено пред и по неговата средба со претседателот Трамп во Давос“.

„Кралството Данска сака да продолжи конструктивен дијалог со своите сојузници за начините за зајакнување на безбедноста на Арктикот, вклучително и Златната купола на САД, под услов тоа да се прави со почитување на нашиот територијален интегритет“, повтори таа.

Би можело да ве интересира

Данска верува дека САД не се откажаа од Гренланд

А1он

Германските „Еурофајтери“ и се приклучуваат на арктичката мисија

Фредерик-Нилсен: Американските намери се целосно неприфатливи

А1он

Трамп најавува брз договор меѓу САД, Данска и Гренланд за Арктикот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Данците владеат со европскиот и светскиот ракомет

Премиерот на Гренланд повика на посилно воено присуство поради Русија

А1он