Данската Либерална партија сама формира малцинска влада

Од:

Лидерот на данската Либерална партија Венстре, Ларс Локе Расмусен изјави дека ќе формира малцинска влада со министри исклучиво од сопствените редови по неуспешните преговори со антиимиграциската Данска народна партија одржани синоќа.

Расмусен е избран за премиер, иако неговата партија заврши на третото место со 19,5 отсто од гласовите на изборите одржани минатата недела, зад Социјалдемократите и десничарката Данска народна партија, која забележа раст на поддршката од 12,3 на 21,1 отсто.

Опозицијата на десниот центар победи на парламентарните избори во Данска, поразувајќи ја коалицијата на левиот центар, предводена од премиерката Хеле Торинг Шмит, која порача дека ќе се повлече од позицијата лидер на Социјалдемократската партија.

Опозицијата, која ја сочинуваат либералите на Расмусен и Данската народна партија, освоија 90 места во Парламентот, а владата составена само од членови на Либералната партија ќе биде веројатно исклучително слаба во Парламентот со само 34 пратеници од вкупно 179.

Расмусен, кој беше премиер од 2009 до 2011 година изјави дека својот план за новата влада на кралицата Маргарета Втора ќе ги го претстави утре изутрина.

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ