Данска плати 810.000 евра за податоци од Панамските документи

Од:

Даночната управа на Данска денеска соопшти дека на анонимен извор платила 810.000 евра за податоци од Панамските документи за повеќе стотици можни затајувачи на данок во земјата.

– Материјалот содржи извесен број документи за Данците, кои ги очекуваме, а нивниот квалитет е на исто ниво како и случаите кои служат како примероци, а кои претходно ги добивме. Даночната управа сега подетално ќе го анализира, изјави шефот на Даночната управа Џим Соренсен.

Владата во Копенхаген претходно го правдаше плаќањето на Панамските документи дека ќе го олесни откривањето на затајувачите на данок, кои го кријат богатството, на пример во Панама, со цел да избегнат плаќање на данок во Данска.

Би можело да ве интересира

Жесток разговор на Трамп и данската премиерка за Гренланд

А1он

Данска прати пораки до Трамп: Спремни сме да разговараме за безбедноста на Гренланд

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор