Данска ќе им ги подели вакцините „АстраЗенека“ на сиромашни земји

Од:

Данска размислува да ги дистрибуира вакцините против Ковид-19 на АстраЗенека на посиромашните земји откако ја стопира употребата поради загриженост за формирање на појава на тромози, изјави денеска директорот на Светска здравствена организација за Европа, Ханс Клуге.

Данска е првата земја што ја прекина употребата на вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека, додека европските власти продолжуваат да ги анализираат извештаите за ретката појава на тромбози по вакцинирањето во земјите-членки nа Европската унија и во Велика Британија.

СЗО заедно со британските и европските медицински агенции продолжуваат да препорачуваат употреба на вакцината на АстраЗенека, истакнувајќи оти придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците

Официјални лица на СЗО не го критикуваат прекинот на вакцинација со АстраЗенека во Данска, наведувајќи оти секоја нација треба да биде флексибилна во донесувањето одлуки за своите програми за имунизација.

Би можело да ве интересира

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Опозицијата победи на изборите во Гренланд, фијаско на владејачката партија

Гренланд утре оди на клучни избори

Данска: Русија може да започне голема војна во Европа

Гренланд распишува општи избори: „Ќе го започнеме процесот на независност“