Данска ја зајакнува готовноста поради руски воени прелети

Од:

Данска во текот на изминатата недела четири пати ги испраќала своите авиони Ф-16, кога биле регистрирани наближувања на руски воени летала кон данскиот воздушен простор.

Таквиот вид заканувачки прелети се случуваат со зголемен интензитет веќе подолг период, така што Данска сега ја зајакнува својата т.н. готовност за одвраќање, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Гледаме сериозно на оваа ситуација. Таквата сериозност е затоа што забележуваме несомнено зголемена руска активност во блиското подрчаје до Данска, така што сме подготвени да им покажеме дека ќе испратиме воени авиони за пресртенување штом тоа ќе биде неопходно, вели данскиот министер за одбрана Николаи Вамен за весникот „Берлингске тиденде“.

Во вообичаени ситуација Данска има два Ф-16 подготвени за полетување 24 часа за одбрана на сопствениот воздушен простор, но во четвртокот биле испратени четри дански ловци да ги пресртенат руските воени авиони.

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ