Данска ја забрани вакцината на „Џонсон и Џонсон“

Од:

Данска одлучи да не ја вклучува вакцината на Џонсон и Џонсон во својата програма за имунизација против Ковид-19, објавија локалните медиуми.

Минатиот месец Данска прекина со употреба и на вакцината на „АстраЗенека“ поради можна ретка појава на згрутчување на крвта, а исклучувањето на вакцината на „Џонсон и Џонсон“, која сочинува една третина од нарачаните дози во данскиот здравствен систем, би можело значително да го забави процесот на вакцинација во таа земја.

Европската агенција за лекови (ЕМА) на 20 април објави дека е утврдена евентуална поврзаност меѓу вакцината на „Џонсон и Џонсон“ и ретки појави на крвни згрутчувања кај возрасните лица кои се вакцинирале во САД, но укажано е дека ползата од вакцините е секако поголема од можниот ризик.

Би можело да ве интересира

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Опозицијата победи на изборите во Гренланд, фијаско на владејачката партија

Гренланд утре оди на клучни избори

Данска: Русија може да започне голема војна во Европа

Гренланд распишува општи избори: „Ќе го започнеме процесот на независност“