Данска испрати седум воени авиони во турската воена база Инџирлик, за борба против ИД

Од:

Данска испрати седум авиони-ловци „Ф-16“ во турската воена база Инџирлик во Адана, јужна Турција, кои ќе учествуваат во операции против ИД, објави весникот „Милиет”.

Авионите ќе останат во базата шест месеци, при што е планирано да учествуваат во операциите, а потоа и во функција на логистичка поддршка. Освен воените авиони, во базата се испратени и 120 воени лица.

Претходно, во военовоздухопловната база Инџирлик свои авиони испратија САД и четири други држави од нивната коалиција за борба со ИД – Велика Британија, Германија, Катар и Саудиска Арабија.  

Би можело да ве интересира

Жесток разговор на Трамп и данската премиерка за Гренланд

А1он

Данска прати пораки до Трамп: Спремни сме да разговараме за безбедноста на Гренланд

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор