Данска инвестира 150 милиони долари во својата безбедност

Од:

Данска ќе обезбеди финансиски пакет тежок 150 милиони долари за унапредување на работата на полицијата и разузнавачките служби, на неколку дена по пукањето во Копенхаген.

Овој потег на данската Влада беше испланиран пред нападот, пренесува „Ал Џазира Балкан“.

Помалку од половина од издвоените пари ќе бидат потрошени за собирање информации за терористичките закани од странство.

Поголем дел од остатокот од парите ќе биде наменет за безбедносните служби, за надзор и реагирање на вонредни ситуации, како и за унапредување на информатичката технологија.

Данските опозициски партии ги поздравија највените мерки, со напомена дека тие веќе се активирани по нападот во Париз од минатиот месец, кога беа убиени 17 лица.

Опозицијата напоменува дека овие мерки не се одговор на нападите на собирот посветен на слободата на говорот и синагогата во Копенхаген од минатиот викенд, во кои беа убиени две лица.

Данските медиуми пренесуваат изјави на полицајци кои наведуваат дека се слабо опремени и дека немале доволна обука за адекватен одговор на нападите какви што се случија во саботата и неделата.

Во новинарските извештаи се наведува дека во потрагата по напаѓачот биле испратени полицајци со заштитни прслуци што не им одговарале по величина и дека им биле потребни 30 куршуми за да го убијат напаѓачот.

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ