Данска ќе ја продолжи привремената контрола на границата со Германија за уште 30 денови, до 2. јуни, соопшти данското Министерство за имиграција, интеграција и изградба на станови.
Официјален Копенхаген првпат воведе привремена погранична контрола на 4. јануари, како одговор на сличните чекори преземени од Шведска реагирајќи на големиот бран мигранти од Блиски Исток и од Африка.
– Данска Влада оценува дека пограничната контрола и понатаму е неопходна за да се избегне трупање на поголем број илегални мигранти во Данска, се наведува во соопштението на Министерство за имиграција, интеграција и изградба на станови.
Во меѓувреме портпаролот на германското Министерство за надворешни работи изјави дека Берлин побара од Европска комисија продолжување на граничната контрола на шенген зоната за уште шест месеци.
Во писмото испратено до ЕК се бара продолжување на контролата на германско-австриската граница за уште шест месеци, што беше воведено минатата година откако илјадници мигранти дневно поминуваа на германска територија.
Минатата година во Германија регистрирани се 1,1 милион мигранти.