Данскиот парламент денеска ги усвои пакет-мерките кои би требало да ги демотивираат бегалците од барање азил во таа земја, а една од мерките предвидува одземање на вредните предмети или пари од бегалците за да се платат трошоците за нивно издржување.
Овој пакет-мерки е усвоен и покрај критиките на меѓународните организации за човекови права.
Мерките во данскиот Парламент ги поддржа убедливо мнозинство од пратениците.
Со овие мерки им се овозможува на данските власти да одземат од барателите на азил пари над износот од 10.000 круни (1.340 евра), колку што е дозволено да внесат во змејата, како и одделни предмети од вредност кои го надминуваат тој износ.
Од тоа се изземени венчалните бурми, како и други предмети од сентиментална природа, како што се свршенички прстени, семејни портрети и медали.