Данска ги повлекува Ф-16 авионите од Сирија

Од:

Данска ги повлекува своите седум Ф-16 авиони од воената операција предводена од САД против Исламска држава во Сирија и Ирак, откако Пентагон соопшти дека во воениот напад на нивните авиони убиени се 90 припадници на сириските режимски сили. 

Министерот за надворешни работи на Данска Андерс Самуелсен пред новинарите, а по средбата со Одборот за надворешни работи на данскиот парламент, рече дека наместо авиони ќе бидат испратени дополнителни 20 или 21 војници.

Според министерот за одбрана на Данска, Клаус Хјорт Фредериксен новите војници ќе ги обучуваат ирачките сили во операциите за деминирање. 

Би можело да ве интересира

Жесток разговор на Трамп и данската премиерка за Гренланд

А1он

Данска прати пораки до Трамп: Спремни сме да разговараме за безбедноста на Гренланд

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор