Дали навистина љубите или сте само сексуално привлечени од некој?

Од:

Дали навистина сакате или сте само сексуално привлечени од некого може да се открие врз основа на новите студии кои тврдат дека љубовта живее во мозокот. Според резултатие од истражувањата направени од истражувачите на повеќе универзитети љубовта се разликува од сексуалното привлекување и таа самата активира посебни делови во мозокот.

Сексуалната желба се јавува во делот од мозокот кој е одговорен за благопријатната состојба на организмот и работите како што се на пример, храната и сексот.

Љубовта пак, го активира делот од мозокот кој игра важна улога во подредувањето на вредностите добиени од споредувањето на овие активности.

„Љубовта е, всушност, производ добиен од сексуалната желба, доколку е задоволена”, вели Џим Фос, еден од истражувачите на универзитетот во Конкордија.

Истражувачите од повеќе универзитети, Универзитетот во Женева, Универзитетот на Западна Вирџинија и Сиракуза и универзитетот во Конкордија открија дека кога луѓето сакаат во нивните глави се активираат сосема различни делови на мозокот, во однос на оние кои се само сексуално привлечени.

Неодамна беше откриено дека многу емоции може да се забележат во мозочната активност.

Уште една таков заклучок следеше од анализата објавена во делот за сексуална медицина во „Журнал“ направена врз основа на 20 студии кои ги пратат мозочните активности на заљубените и сексуално возбудените луѓе.

Националната академија на науките објави студија која покажа дека родителска љубов кон децата влијае на порастот на хипокампусот.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

Орце Костов

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он