Дали Германците се поразени или ослободени?

Од:

Дојче веле – Бон

Дали на 8 мај во 1945 година за Германците беше ден на срам или шанса за нов почеток? Германците веќе 70 години се занимаваат со Втората светска војна, нејзиниот почеток и крај. И прашањето за сопствената вина.

Кога се беше завршено, завладеа радост, но во уште поголема мера тапото олеснување, пишува историчарот Герхард Брун, осврнувајќи се на чувствата на преживеаните. Сеќавањето е нешто многу лично. Тој кој во мај во 1945 година како војник на германскиот Вермахт беше советски заробеник, има поинакви сеќавања од цивилот кој крајот на војната го дочека неповреден. Тој кој во источна Прусија ја изгуби својата татковина, крајот на војната ја дочека како катастрофа, за разлика од Германец во американски егзил, кој на 8 мај 1945 година се чувствуваше ослободен. За чувствата на преживеаните логораши во Аушвиц и да не зборуваме.

Денот кога заврши Втората светска војна во Европа се толкува на разни начини. Во текот на децениите тој нулта момент, барем во старата Сојузна Република Германија, повеќе пати беше повторно интерпретиран. Она што во раните повоени години беше заедничко на двете германски држави беше чувството дека во војната многу страдале. Во тоа време е родено колективното сеќавање според кое германските злосторства биле исклучиво дело на демоното наречен Хитлер и неговите нацисти. На друга страна беше Германецот како приватно лице, безимен поединец кој не знаеше ништо и не беше виновен за ништо. Со децении ни источните ни западните Германци не можеа да сватат што се случуваше со нив до 1945 година и каква беше нивната одговорност за тоа. До успешното соочување со минатото дојде многу подоцна.

Првите 20 години: тага и гнев поради поделбата на Германија
Тој кој сака да сфати како 20 години по војната официјално се зборуваше за нацизмот, треба да прочита неколку исечоци од говорот на Хенрих Лубке, одржан на 7 мај во 1965 година. Тогашниот претседател на Германија во говорот пред Трговската комора на Хамбург со ниеден збор не го спомна масовното убивање. Во исто време, во Франкфурт се на суд читаните завршни зборови на обвинителот на судењето на убијците од Аушвиц.

Освен мај во првите 20 години по крајот на војната не беше присутен во јавниот живот на Сојузна Република Германија. Немаше комеморација за жртвите. Напротив, често се слушаа изрази на незадоволства поради поделбата на Германија. Политичарите, пред се демохристијаните, често ја изразуваа и својата приврзаност кон Третиот Рајх. Во службеното сеќавање многу поважни беа 20 јули 1944 година, кога гроф вон Стауфенберг се обиде да изврши атентат на Хитлер и 17 јуни 1953 година, кога работниците на ДДР се побунија против комунистичката влада. Тие датуми ја олеснуваа позитивната перцепција на германската традиција.

Асиметрично сеќавање: ДДР и СР Германија

Сосема поинаку беше во поранешната ДДР. Владата 8 мај 1945 година веднаш го прогласи за национален празник за да го пропагира своето видување на историјата. Капитулацијата на Хитлерова Германија е славена како ден на победата на Црвената армија над фашизмот. До 1989 година, кога се сруши Берлинскиот ѕид, прославата за 8 мај беше нешто како видлив доказ за тесните врски со СССР и со самото тоа и доказ дека ДДР се наоѓаше на страната на победникот. Со самото тоа немаше соочување со сопствената одговорност за германското минато. На националсоцијализмот официјално се гледаше како на фашизам и тоа за раководството на ДДР беше затворено историско поглавје.

Додека во СР Германија значењето на 8 мај постојано повторно беше преиспитувано, денот на завршетокот на војната во ДДР се до падот на Берлинскиот ѕид, беше ден на сеќавање со зададен образец. Немаше отстапувања од линијата повлечена од горе. Сосема поинаку беше со толкувањата во Западна Германија. Тука се менуваше одговорот на прашањето: што тој ден значи за Германците? Од интерпретацијата на поимот пораз па до тезата за ослободување поминаа додуша неколку децении.

Пад на колена во Варшава: жртвите избиваат во прв план

– Народот кој оствари вакви стопански успеси има право да посака повеќе да не слуша приказни за Аушвиц – рече наводно Франц-Јозеф Страус во 1968 година. Моќниот политичар на Христијанско-социјалната унија ЦСУ, никогаш не се обидуваше правно да го оспори тој цитат, иако не беше ниту малку нежен во однос на медиумите. А во наведената изјава е видливото фокусирање на стопанскиот бум во СР Германија како израз на потиснување и не гледање на вината. На другиот крај на спектарот во соочувањето со историјата е гестот на Вили Бранд кој на 7 декември 1970 година во Варшава клекна пред споменикот на жртвите на германската тиранија и така без зборови побара простување.

Тоа е историски гест кој е сватен како прво сериозно признавање на германската вина, вели историчарот Петер Хурелман. Гест симболичен за промена на перспективата, гест кој почна да се пробива во 70-тите години, потиснувајќи ја полека старата теза за поразот. Тоа е перспектива на вина која е присутна и во говорот на Валтер Шел од 1975 година: 30 години по крајот на војната, шефот на државата отворено ја призна одговорноста на Германија. Тој рече дека во настаните од 1933 до 1945 закажа цела една генерација.

40 години потоа

И 80-тите години изминаа во знак на делумно жестоки политички судири околу прашањата како треба да се интерпретира 8 мај. До тогаш во сеќавањата на времето на нацизмот не беа присутни ни вршителите ни нивните соучесници. Тоа се промени на 40 годишнината од завршетокот на војната.

Клучен момент претставуваше говорот на германскиот претседател Рихард вон Вајзекер на 8 мај 1985 година. Тогаш многумина кои беа инфицирани со германската идеологија или дури беа виновни за злосторствата, се уште живееја како слободни граѓани.

За нив 8 мај и понатаму беше ден на пораз. Не и за младата генерација. Но, вон Вајзекер беше прв висок политичар кој 8 мај го нарече ден на ослободување од нацистичкиот режим. А крајот на војната го доведе во врска со она што доведе до крајот, имено, со доаѓањето на Хитлер на власт на 30 јануари 1933 година.

И поранешниот канцелар Хелмут Кол зборуваше за ослободување, но медиумите на тоа не посветија преголемо внимание. Сосема поинаку беше кога тој 40 години по војната се обиде да воспостави некаква рамнотежа меѓу победниците и победените, меѓу вршителите и жртвите. Неговиот истап со американскиот претседател Роналд Реган на воените гробишта во Битбург, каде беа закопани и припадници на нацистичката озлогласена СС, се претвори во медиумско-политичко фијаско. Неговиот обид и Германците да ги претстави како жртви, не успеа. Тие не се напатија како Евреите или народите на Советскиот Сојуз.

Сеќавањето во обединета Германија

Историјата на националсоцијализмот веќе со години е една од најболните теми во Германија. Телевизијата, весниците, издавачките куќи, многу го поттикнуваа соочувањето со минатото, во борба за читатели и гледачи. Површно гледано, Германците така станаа светски шампиони во тоа соочување. Најважно е дека тезата за ослободување и понатаму е на сила. Пред тоа, почна и гледање на спорното време како минатото на приватни луѓе, во таа перспектива Германците се жртви на режимот на Хитлер. И Германците беа прогонувани, силувани и бомбардирани, така гледано, можна е и тенденцијата на ублажување на судот за нивната вина и одговорност. Можно е и разликата меѓу вршителите, жртвите и соучесниците да почне да се губи, како што рече историчарот Норберт Фреи. Се додека со тоа не се ревидира основното значење на 8 мај 1945 година, тоа ќе биде легитимно и човечки разбирливо. Бидејќи, германскиот посебен пат кон слободата помина низ игледни уши на поразот – напиша филозофот Петер Слотердијк.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“