Израел истражува дали лидерот на Хамас Јахја Синвар бил убиен во неодамнешните напади на израелската армија (ИДФ) во Газа, јавува јавниот сервис КАН.
Во моментов нема потврдени информации за да го поддржат ова тврдење, а безбедносните служби се поделени околу тоа дали Синвар едноставно е исчезнат или навистина е елиминиран.
Отсуството на конкретни докази доведе до различни оценки во одбрамбената заедницата на Израел, што ја одразува тековната несигурност за неговиот статус, пишува Џерусалим пост.
Во напад во Техеран на 31 јули беше убиен политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије, а потоа Синвар ја презеде командата над милитантната група.