Дали Ал Каеда го уби американскиот амбасадор во Либија?

Од:

Приврзаник на Ал Каеда е одговорен за вооружениот напад врз американскиот конзулат во Бенгази и е главниот осомничен за нападот во вторникот кога загинаа американскиот амбасадор во Либија и вработени во конзулатот – соопштуваат извори кои ги следат милитантните исламистички групи во источниот дел на Либија.

Тие исто така, наведуваат дека нападот следи веднаш по повик од лидерот на Ал Каеда Ајман ал-Завахири за одмазда на смртта на високи либиски член на терористичката група Абу Јахја ал-Либи во јуни.

Група осомничена дека стои зад нападот – позната како Бригадите на Омар Абдул Рахман – најпрво се појави во мај, кога ја презеде одговорноста за нападот на канцеларијата на Меѓународниот Црвен Крст Бенгази. Следниот месец групата ја презеде одговорноста за детонирањето на експлозивна направа надвор од американскиот конзулат и подоцна објави видео од тој напад.

Номан Бентоман, некогаш лидер на либиската Исламска Борбена група изјави за Си Ен-Ен: „За ваков напад, потребна е подготовка. Ова се чини дека не е само протест“.

Анализата е подржана и од дипломатски извори на САД кој велат дека се уверени дека нападот на конзулатот мора да бил предвремено испланиран. Изворите за Си Ен Ен велат дека напаѓачите ги искористиле протестите само како диверзија да го започнат нападот. Сепак останува неизвесно дали напаѓачите го подбуцнале започнувањето на протестите или само го искористиле нивното одвивање.

Либискиот заменик-министер за внатрешни работи Ванис ал-Шариф, зборувајќи на прес-конференција во Бенгази во средата, рече дека “меѓу демонстрантите, имало некои кои се инфилтрирале во маршот и го започнале хаосот.”

Бентоман, кој и претходно предупредуваше на веројатноста за појава на напади против американските интереси во Либија, го повтори својот став дека Бригадите на Омар Абдул Рахман се негови првоосомничени за нападот во вторникот во Бенгази. Тој смета дека нападот е веројатно поврзан со видео соопштението објавено од Ал Завахири на 11-годишнината од 9/11 нападите. Во видеото, ал-Завахири ја потврдува смртта на Ал-Либи – истакнат член на Ал Каеда и додава: “Неговата крв е повик, бара и поттикнува од вас да се борите и да ги убиете крстоносците.”

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија