Дајан Џејмс на чело на британската анти-ЕУ партија УКИП

Од:

Новата претседателка на Партијата за независност на Велика Британија (УКИП) од денеска е Дајан Џејмс. На таа функција го наследува Најџел Фараж.

На конгресот на партијата во Борнмут е објавено дека Џејмс е нова претседателка по освоени 8.451 глас од членови на УКИП. Фараж најави оставка веднаш по референдумот за напуштање на ЕУ.
Првичниот фаворит и сојузник на Фараж, Стивен Вулф беше исклучен од изборниот натпревар бидејќи при поднесувањето пријава задоцни 17 минути.

Партијата има еден претставник во британскиот парламент.  

Откако Британците на референдум во јуни изгласаа напуштање на ЕУ, тоа беше прокоментирано од западни медиуми како триумф на УКИП, но оттогаш таа десничарска партија се соочува со кризи.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он