Да се разбере омразата

Од:

Во приказната за теророт, стравот и ИД, игнорираме една важна работа, а тоа е омразата кон Западот која не сакаме да ја разбереме.

– Целосно е незамисливо тоа што многу млади луѓе кои во Германија се социјализирани и кои треба да научат нешто за човековото достоинство и почитувањето, толку брзо се радикализираат и лесно ги отфрлуваат своите и туѓите животи, ја изрази својата загриженост Томас де Мезиер, министер за внатрешни работи на Германија.

Зошто тоа незамисливо е навистина необичен избор на зборови, па тоа веќе се случило: атентарот од Отава, три млади жени од САД кои се придружиле на ИД во Сирија, а ќе се случува и понатаму.

Дури и Де Мезиер наведе неколку можни објаснувања за тоа: човечкото достоинство и почитувањето не можат да се научат ако се чувствувате непожелни и маргинализирани. Тоа не се случува само во западните општества со имигранти и бегалци, кон кои се искажува само недоверба, на тие кои се обидуваат да ја прескокнат бодликавата жица во Мелиља или се дават во Средоземното Море.

Тоа се случува и на глобално ниво, кога остатокот од светот треба да се повинува на западните интереси, а ако тоа е во согласност со тие интереси, тогаш се уништуваат земји, се поддржуваат диктатури и се жртвува цел народ како што е сега, но и низ историјата, случајот со Курдите. Кристофер Хиченс собра неколку такви приказни. Книгата се вика „Судењето на Хенри Кисинџер“ („The Trial of Henry Kissinger“).

Во неа не се зборува само за поранешниот американски министер за надворешни работи Хенри Кисинџер и неговата вина за масакрите во Виетнам, Чиле, Бангладеш и над Курдите, туку пред се за структурата на самоволието и искористувањето на тие кои биле и сеуште се суштински елементи на западната политика. Тоа исто го мисли и човек од ИД кого го интервјуираше Хаснаин Казим за Шпигл: Кој го покори светот и се обиде да ги подјарми сите други култури и религии? Историјата на колонијализмот е долга и крвава и трае до денес. Таа е олицетворена во западното презирање на се што е поразлично.

Со оваа теофашистичка пропаганда, тој во ова е целосно во право.

Западот смета дека правото и историјата се на негова страна; напредокот не негово ветување, слободата е негова природа. Реалноста изгледа нешто поинаква и крајно време е политичарите како Де Мезиер да го урамнотежат наративот и ветувањата на Западот.

Дали тоа можеме да го очекуваме? Политичари кои размислуваат пред да одговорат? Новинари кои објаснуваат наместо да шират страв? Во тој случај атентаторите, лудаците, радикалните проповедниви, хомофобите, непријателите на слободата и понатаму ќе го мразат Западот, но овој пат од погрешни причини.

Одлуката за тоа што е Западот и што треба да биде, се донесува секој ден. На пример во Њујорк, каде жестоко се расправа за операта „Смртта на Клингхофер“ и околу прашањето дали еден од пејачите во улога на палестински терорист смее да го изрази и објасни својот антисемитизам поради кој го убил Евреинот Клинхофер. Или во Париз, каде американскиот уметник Пол Мекарти на плоштадот Ванда постави огромна зелена скулптура на дување, која многумина ги потсетува на секс играчка, значи на нешто што на христијанските фундаменталисти им е добро познато, а сепак протестираа против тоа уметничко дело, бидејќи многу ги вознемирило и на крај го издувале.

Ах, да, кинескиот претседател Си најави дека во неговата земја повеќе нема да се градат никакви чудни зданија. Веројатно мислел на облакодери во форма на крофни и на спектакуларни зглобни згради на холандскиот архитект Рем Коолхаас.

Такво е нашето време. Слобода на мислење, изразување, уметноста станува се поомразена бидејќи не предизвикува, комплицирана е, не вознемирува, можеби и не навредува, бидејќи мораме да ја толерираме, во спротивно, воопшто не ја разбираме слободата. Зарем нависитна дојдовме до таму да ни треба ИД за да го сфатиме тоа?

Шпигл – Хамбург

Би можело да ве интересира

Се зголемува бројот на антисемитски инциденти во Германија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Германија: Полиција влезе во училишна зградата, учениците затворени во училниците

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Германски полицаец загина, а друг е тешко повреден додека го обезбедувале Виктор Орбан

Горан Наумовски

Германците пресметаа: Одморот во Хрватска е поскап отколку во Шпанија, Грција и Португалија

Мртво девојче е пронајдено покрај брегот на Рајна, уапсени се нејзините родители