Да јадеме помалку месо за да се намали ризикот од нови пандемии, порачуваат експерти на ОН

Од:

Јадењето помалку месо не само што би ја заштитило животната средина, туку може и да помогне во намалување на ризикот од нови пандемии, соопшти Програмата за животна средина на Обединетите Нации, објавувајќи го новиот извештај на тинк-тенкот Чатам Хаус (Chatham House).

„Во време кога голем дел од светот продолжува да се бори против пандемијата на Ковид-19, никогаш не било поочигледно дека благосостојбата на луѓето и животните, диви и одгледувани, е испреплетена, рече Филип Лимбери од „Сочувство во светското земјоделство“, организација кое исто така го поддржува овој тинк-тенк.

Доколку екосистемите продолжат да се уништуваат, ќе биде загрозено снабдувањето со храна на голем дел од глобалното население, предупредуваат тие. Потребно е поголемо свртување кон храна од растително потекло за да не сe забрза загубата на биодиверзитетот, додаваат експертите.

Покрај тоа, треба да се заштити повеќе земјиште, а земјоделството треба да стане еколошко, велат тие. Природните екосистеми се повеќе се претвораат во обработливо земјиште и пасишта во последните децении, што доведува до губење на живеалиштата на животните.

– Интензивното одгледување милијарди животни на глобално ниво сериозно ја оштетува животната средина, предизвикува губење на биодиверзитетот и произведува големи емисии на гасови со ефект на стаклена градина што го забрзува глобалното затоплување, рече познатата приматолог Џејн Гудал во изјавата на УНЕП.

Би можело да ве интересира

АХВ: Ќе се уништи 1.980 килограми небезбедно замрзнато месо

АХВ донесе забрана за увоз и употреба на желудник од живина во производството на подготовки од месо

Горан Наумовски

Царинска управа: Спречен шверц на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

A1on

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

A1on