Цунами достигна до Јапонија по земјотресот во Чиле

Од:

Цунами го достигна денеска крајбрежјето на Јапонија, по силниот земјотрес во Чиле, јави ТАСС, повикувајќи се на јапонската метеоролошка служба.

Бран со височина од 70 см стигна до североисточното крајбрежје на Јапонија во реонот на градот Куџи.

Претходно бран со височина од 40 сантиметри го достигна северниот остров Хокаидо. Бранови беа регистрирани и крај бреговите на островот Хоншу, во префектурата Ивате и нивната височина достигна 30 сантиметри.

Мали бранови цунами имаше и во соседните префектури на Токио, Ибараки и Чиба.

Според синоптичарите, височината на цунамито може да достигне до еден метар.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија