Црвено ниво на предупредување поради исландскиот вулкан Бардарбунга

Од:

Властите во Исланд го подигнаа нивото на предупредување во воздушниот сообраќај  на највисоко, црвено ниво, поради активноста на вулканот Бардарбунга, што значи дека ерупцијата ќе се случи многу брзо или е во тек.

Вулканот минатата недела потресоа илјада мали земјотреси, длабоко под исландскиот глечер Ватнајакул. Екипа научници планираат да го надлетуваат глечерот со цел да откријат евентуални промени на неговата површина.

На почетокот од неделата, властите евакуираа неколку стотини луѓе од висорамнината северно од Ватнајакул. Областата не е населена, но е излетничко место.

Според сеизмолозите, магмата се движи под глечерот, но засега хоризонтално, на длабочина од пет до 10 километри. Вулканот Бардарбунга ќе еруптира ако магмата се крене и го истопи мразот.

Исландскиот вулкан Ејафјадлајекидл во 2010 година исфрли пепел, кој предизвика хаос во воздушниот сообраќај, бидејќи најмалку 100.000 летови беа откажани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

ВИДЕО: Силен земјотрес и ерупција на вулкан во Русија

ВИДЕО: Еруптираше еден од најактивните вулкани во светот

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

Лавата по ерупцијата на вулкан на Исланд стигна до источната одбрана на Гриндавик

Горан Наумовски