Црвениот крст повика за 15,5 милиони долари итна помош за Северна Кореја

Од:

Црвениот крст повика денеска итно да бидат обезбедени 15,5 милиони долари за помош на Севернокорејци кои настрадале во поплави каде има голем број жртви.

Потврдени се најмалку 138 смртни случаи, а речиси 400 луѓе се сметаат за исчезнати по поплавите од крајот на август во североисточните региони. Сто и четириесет илјади луѓе имаат потреба за помош, наведуваат ОН.

Десетици илјади домови се оштетени и околу 70.000 Севернокорејци се без живеалиште.

Во летото 2012 година во поплави и лизгање на земјиште во Северна Кореја загинаа 169 луѓе, 212 илјади беа раселени, а уништени беа 650 квадратни километри обработлива површина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Северна Кореја се обиде да лансира шпионски сателит, не успеа

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници