Црвен аларам за предупредување е издаден од страна на индозениските власти поради опасност од вулканот Агунг, кој исфрла пепел и до 6 илјади метри во висина.
Предупредување значи дека се предвидува непосредна ерупција, со значителна количина на пепел.
Патиштата, автмобилите и зградите во близина на вулкатон се покриени со пепел, а од Агенцијата за вулкански и геолошки катастрофи кажуваат дека ситуацијата мора да се следи внимателно, поради можноста од силна ерупција.
Аеродромот на Бали останува затворен, а според локалните медиуми околу 25 илјади лица не може да се вратат во своите домови уште од септември, кога вулканот за прв пат даде знаци на активирање.