Црногорците кои беа уапсени во Уругвај со 489 килограми кокаин добија притвор до 120 дена

Од:

На двајца црногорски државјани кои беа уапсени при запленувањето на 489 килограми кокаин во Уругвај им е одредена мерка притвор до 120 дена.

Во повеќемесечната акција „Виртус“ во таа јужноамериканска земја уапсени се 16 лица, меѓу кои и државјани на Уругвај и Боливија, пренесува Vijesti.me.

Според медиумите, тие се товарат за различни кривични дела поврзани со шверц на дрога.

За граѓаните на Црна Гора, уругвајските медиуми пишуваат дека, според полицијата, „тие би можеле да бидат дел од балканскиот клан, голема мрежа на организиран криминал што дејствува во Европа“.

Се претпоставува дека кокаинот бил произведен во Боливија, од каде го продолжил патувањето кон северот на Аргентина.

Дрогата била спакувана во 450 пакувања со логото на хероите на Дизни Мики Маус и Плутон.

Се наведува и дека проценетата вредност на запленетиот кокаин е околу 16 милиони долари.

Според аргентинските медиуми, властите биле запознаени со шверцот на товарот со дрога, а бил следен и неговиот транспорт со цел да се уапсат организаторите и да се добијат повеќе информации за нивниот начин на работа.

Според „Ел опсервадора“, државјани на Црна Гора биле уапсени при рација во куќа лоцирана на шеталиштето во градот Сиудад де ла Коста. Се наведува дека државјаните на Црна Гора се на листата на сини трагачи на Интерпол.

Во акцијата запленети се оружје, стотици илјади долари и аргентински пезоси, три автомобили, камион, два чамци, трактор и осум мобилни телефони.

Би можело да ве интересира

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

Поради сушата во Уругвај, милиони граѓани останаа без вода за пиење

Црногорци во Уругвај се притворени поради шверц на кокаин

Уругвај: Уапсени четири лица по заплена на 6 тони кокаин

Ана Ололовска

Втор круг претседателски избори во Уругвај

Во Уругвај запленет еден тон кокаин