Црно Море стана нова маршрута на мигрантите кон ЕУ

Од:

Враќање или да се остават мигрантите кои сакаат да стигнат до ЕУ да загинат во море е целосно неприфатливо, изјави романскиот премиер Виктор Понта денеска во интервју за Ал Џезира, цитирано од романската агенција Аџерпрес.

– Не можеме да кренеме ѕид пред луѓето кои сакаат да стигнат во Европа, истакна Понта, кој од вчера е во посета во Катар во рамки на турнејата во земјите од Персискиот Залив.

– Неприфатливо е ЕУ да каже дека не може да се стори ништо друго освен да се вратат овие луѓе , додаде тој. Според Понта, ЕУ треба да обезбеди дополнителни средства и да го подобри механизмот за интеграција на имигрантите.

– Ни требаат политики со кои ќе ги интегрираме повеќето од нив. Ова е одговорот на мојата земја, единствениот демократски одговор, изјави тој.

Според зборовите на Понта, сите европски држави можат да си дозволат да прифатат имигранти. Тој смета дека, сепак, „екстремни и популистички политичари го користат прашањето за имиграцијата во политичката битка, што е спротивно на европските вредности“.

– Треба да сме подготвени за нови бранови мигранти, предупреди Понта и воедно призна дека Црното Море се претвори во нова рута за мигрантите на патот кон ЕУ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Калас: Русија нема интерес за мир во Украина

ЕУ ќе обезбеди дополнителна воена помош за Украина

Заклучоците за Украина усвоени во Брисел, „за“ беа 26 од 27 земји

Горан Наумовски

Зеленски им се заблагодари на европските лидери за нивната поддршка на самитот во Брисел