Ципрас се сретна во американскиот потпретседател Пенс

Од:

Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска во Белата куќа се сретна со грчкиот премиер Алексис Ципрас со кого разговараа за повеќе прашања.

Како што соопшти кабинетот на Пенс, двајцата лидери ги истакнале силните и трајни врски меѓу САД и Грција, а американскиот претседател исто така му честитал на Ципрас за враќањето на Грција на економскиот раст и на финансиските пазари. Тој исто така ги охрабрил понатамошните реформи за поттикнување инвестиции и ја потврдил поддршката на САД за олеснување на долгот.

– Лидерите изразија желба да ја продлабочат соработката во економската и безбедносната сфера, вклучувајќи ја и посетата на делегација на високо ниво на Меѓународниот саем во Солун во 2018 година, каде што САД ќе бидат почесена земја, се вели во соопштението.

Пенс исто така изразил благодарност за улогата на Грција како столб на стабилност во регионот, а двајцата функционери ја потврдиле и својата поддршка за евроатлантската интеграција на Турција и земјите од Западен Балкан.

Американскиот потпретседател исто така ја истакнал континуираната поддршка на САД за сеопфатно решение за повторно обединување на Кипар како „бизонална, федерација на две заедници“ и ја поздрави зголемената соработка на Грција со Израел, Кипар и Египет во источниот Медитеран.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија