Циклонот Махасен закана за над 8,3 милиони луѓе во Југоисточна Азија

Од:

Циклонот Махасен, кој се приближува кон Бангладеш и Мјанмар ослабнува, но се уште претставува закана за над осум милиони лица во регионот, соопшти Координативното биро на ОН за хуманитарни прашања.

Се очекува циклонот да го погоди крајбрежјето на Бангладеш во четврток. Властите наредија евакуација на стотици илјади локални жители од ниските зони на земјата, изјави Мохамед Абдула од управата на вториот по големина град Читагонг.

Според координативното биро на ОН за хуманитарни прашања циколонот претставува закана за речиси 8,2 милиони луѓе во Североисточна Индија, Бангладеш и Мјанмар.

Голем дел од Бангладеш се наоѓа на морското ниво и земјата често е цел на смртоносните циклони. Во 2007 година циклонот Сидр однесе 3.300 жртви во Бангладеш, а над 800 исечзнаа.

Во 2008 година циклонот Наргис погоди дел од Мјанмар, по што загинаа над 130 илјади лица.

Би можело да ве интересира

Водата во Куманово не е за пиење, запрена е во најголем дел од градот

Катерина Ѓуровски

Поплави и оштетени објекти, патишта и земјоделски површини од невремето што ја зафати земјава

Катерина Ѓуровски

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе