Цигарите најскапи во Норвешка, а најевтини во Белорусија

Од:

Најскапи цигари во Европа пушат Норвежаните каде кутија цигари просечно чини 11,84 евра, додека најевтини се во Белорусија каде чинат неполно евро (92 евроценти), а потоа во Србија со просечна цена од 1,17 евра за кутија цигари.

Најскапи цигари во ЕУ се во Британија каде кутија во просек чини 11,1 евро, потоа следи Ирска со цена од 9,6 евра, а на трето место е Франција, во која цигарите повторно ќе поскапат од 1 јануари и тоа за 30 евроценти и ќе достигнат цена од 7,30 евра за кутија, пренесуваат бањалучки „Независне новине“.

Во Шведска кутија цигари во просек чини 6.64 евра, во Холандија 6,32 евра, во Данска 5,91 евро, Белгија 5,79 евра, а во Германија 5,47 евра.

Потоа следат Италија и Финска со цена од 5 евра, па Шпанија и Малта од 4,8 евра. Најевтини цигари во ЕУ пушат Литванците со просечна цена за кутија од 2,06 евра, потоа Летвонците со цена од 2,49 евра, а потоа Бугарите каде кутија цигари чини 2,55 евра.

Потоа следат Австрија и Чешка со цена од 3,25 евра.

Во Хрватска кутија цигари во просек чини 3,33 евра, во Романија 3,4 евра, во Естонија 3,5 евра, во Полска 3,51 евро, а во Словенија и Кипар 3,9 евра.

Надвор од ЕУ, најскапи се цигарите во Норвешка, со просечна цена за кутија од 11,84 евра.

Надвор од ЕУ цигарите се најевтини во Белорусија каде во просек кутија чини 92 евроценти, а на второ место е Србија со просечна цена од 1,17 евра.

Следува Украина со цена од 1,43 евра, а во Албанија кутија цигари чини 1,49 евра. Според законот донесен во 2014 година, на жителите на ЕУ во земјите надвор од ЕУ можат да внесат само еден бокс цигари, а во земјите членки на ЕУ четири бокса наместо 10 колку што беше дозволено претходно.

Внатре во ЕУ во друга земја можат да се пренесат до 200 цигари и 400 цигарилоси. Бројот на продадени цигари во Франција од година во година се намалува заедно со константното поскапување. Во 1993 година во Франција со просечна цена по кутија од 2 евра продадени се 93,6 милијарди цигари.

Во 2000 година просечната цена по кутија изнесуваше 3,2 евра и продадени се 82,5 милијарди цигари. Во 2010 година кутија цигари чинеше во просек 5 евра, а продажбата падна на 54,8 милијарди цигари.

Во 2014 година Французите плаќаат 7 евра за кутија цигари, што доведе до пад на продажбата на 47,5 милијарди цигари.

Најголема корист во Франција од продажба на цигари има државата која зима 80 отсто од приходот на продадените цигари, 12 отсто од цената оди во рацете на производителите, додека на продавниците остануваат осум отсто.

Би можело да ве интересира

Меџити: Мора да се одвикнеме од пушењето, лекувањето е поскапо за болестите што тоа ги предизвикува

A1on

Негувателка во градинка во Велес им дала на децата да пробаат електронски цигари: Суспендирана е од работа

A1on

(ВИДЕО) Царинска управа: Запленети 120 килограми тутун и 19 илјади парчиња цигари

Горан Наумовски

Во Федерацијата Босна и Херцеговина од денеска нема пушење на затворени јавни места

Гевгеличанец се обиде да шверцува голема количина цигари без документација

Производителите на цигари ќе мора да ги сносат трошоците за чистење на улиците од отпушоци