Човековите права се приоритет на германското претседателство со Советот на Европа

Од:

Германија планира да го стави прашањето за човековите права во центарот на својата работа како претседавач со Советот на Европа (СЕ), изјави министерот за надворешни работи Хаико Маас во интервју за „Функе“.

Колку силно можат да настрадаат демократијата, човековите права и принципите на правната држава во самото срце на Европа, може да се види во моментот од она што се случува во Белорусија, нагласи тој.

Министерот потсети дека Германија, која категорично ги брани човековите права во Европа, и покрај отпорот, и повика на целосно враќање на Русија во Советот на Европа. Во исто време, се осврна и на усогласување со Европската конвенција за човекови права и побара на руското граѓанско општество да му се обезбеди пристап до Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

Заштитата на човековите права е подеднакво важна и во борбата против современите предизвици како што е пандемијата на коронавирусот и во дискусијата за проблемите во блиска иднина – на пример, употребата на вештачка интелигенција, рече германскиот дипломат и додаде дека Советот на Европа може и мора да игра важна улога во меѓународното правно регулирање на вакви прашања.

– Човекот и неговите индивидуални права мора да останат водич во користењето на вештачката интелигенција, рече Маас.

Како претседател на Советот на Европа, Германија исто така има намера да се фокусира на заштита на правата на малцинствата во Европа. Тие имаат огромна потреба нивните права да бидат заштитени од државата – и тоа е „лакмусов тест“ за посветеноста на едно општество кон човековите права, нагласи германскиот министер.

Германија од денеска го презема ротирачкото шестмесечно претседателство со Комитетот на министри на Советот на Европа.

Би можело да ве интересира

Шолц: Правото на азил е составен дел на германскиот правен и вредносен систем

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Напаѓач со нож уби маж и дете, а рани неколкумина во Германија

Горан Наумовски

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени