Човек кој преживеа ебола: Мислев дека е крај

Од:

Епидемија на ебола е една од најлошите, која што го зафати светот. Вирусот до сега однесе околу 1.000 животи, но наспроти страдањата, постојат и луѓе кои успеале да ја победат, како што е медицинскиот работник Саа Саабас од Гвинеја.

Тој го сподели своето искуство со борбата против оваа болест во медиумите ширум светот. Раскажа дека се заразил додека се грижел за друг пациент, поради високата температура направил анализи и истите покажале дека е заразан со вирусот.

ebola-ebola1

-Треската траеше два дена, а потоа добив дијареја. Седмиот ден добив и дизентерија, а потоа започнав да икам. Во тој момент бев многу загрижен-напишал тој на еден портал.

Според неговите зборови имал големи болки во грлото, поради што не можел да јаде.

-И порано сум имал треска, но никогаш не сум имал дијареја. Поради тоа бев многу исцрпен. Меѓутоа појавата на икањето ме исплаши, бидејќи имав слушнато дека голем број лица починале во оваа фаза од болеста- истакна тој.

ebola-ebola

Еболата може да личи на грип, но таа се развива многу бргу и доста често предизвикува внатрешни и надворешни крварења, оштетување на органите и смрт.

Сабас вели дека добивал орална терапија, инфузија и дека добро се хранел со што неговата здравствена состојба започнала да се подобрува. По 13 дена тој ја напуштил болницата, а лекарите му дале серификат кој тврди дека тој ја победил болеста.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски