Членови на семејството на напаѓачот во Утрехт: Го направи тоа поради семејни проблеми

Од:

Членови на семејството на напаѓачот од Утрехт изјавиле дека Ѓокмен Танис го извршил нападот поради семејни проблеми, јави „Анадолија“.

Наводно поради семејни проблеми, тој утрово пукал во луѓето во трамвај. Најпрво пукал во член од неговото семејство, а потоа и во луѓето кои се обидувале да му помогнат на повредениот.

Според пишувањата на холандските медиуми, Танис имал нарушено ментално здравје, а пред две недели бил на судење поради силување.

Полицијата соопшти дека се разгледуваат повеќе можни причини за нападот и дека не е утврдено дали станува збор за терористички напад. Исто така, полицијата не ја исклучува можноста нападот да е извршен од семејни причини.

Танис со години не бил во контакт со татко му, кој живее во Турција. Се појавија и информации дека неговите родители се разведени, по што неговиот татко повторно се оженил.

Полицијата го уапси Танис неколку часа по нападот. Градоначалникот на Утрехт, Јан ван Занен, соопшти дека се убиени три лица, а дека девет се повредени. Подоцна полицијата соопшти дека се повредени пет лица.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи