Членови на раководството на Виетнамската комунистичка партија беа убиени за време на седница

Од:

Двајца членови на раководните органи на Виетнамската комунистичка партија (ВКП) беа застрелани денеска од нивен сопартиец за време на седница на која присуствувале повеќе од 100 лица, јавија локалните медиуми. 

Електронскиот весник „Тхан ниен“ пишува дека двајцата мажи биле нападати во сала во провинцијата Јен Бај, додека се подготвувале за седница на која требало да претседаваат со учество на локалните официјални претставници. 

Двете лица починале во болница. 

Еден од жртвите е Фам Дуј Конг (57), раководителот на ВКП за провинцијата Јен Бај, кој е член на Централниот комитет на партијата. 

Другата жртва е 52-годишниот претседател на Народниот совет на Јен Бај, Нго Нгок Туан, раководител на кадровиот оддел на партијата за провинцијата. 

Осомничениот, До Конг Мин (53) кој е раководител на Управата за шумите во провинцијата, е во тешка состојба бидејќи по нападот тој се застрелал во главата. 

Локалните медиуми забележуваат дека никогаш претходно не се случило вакво нешто во Виетнам.

Би можело да ве интересира

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите во Виетнам

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Најмалку осум лица загинаа, а 187 се повредени во налетот на супертајфунот Јаги во Виетнам

ВИДЕО: Во Виетнам има човек кој не спиел од 1962 година

Предраг Петровиќ

Најмалку 14 лица загинаа во пожар во станбена зграда во Ханој

(ВИДЕО) Десетици жртви во пожар во зграда во Виетнам: дете фрлено од прозорец за да се спаси

Катерина Ѓуровски