Членките на ЕУ не се договорија за ембарго на нафта

Од:

Постојаните претставници на земјите-членки на ЕУ не успеаја да постигнат договор за ембарго за увоз на руска нафта. Покрај Унгарија, против забраната за руската нафта се изјаснија и Словачка, Чешка и Бугарија.

Разговорите за ова прашање ќе продолжат утре информира Гардијан.

Како што пренесе Бгнес, бугарскиот вицепремиер рече дека неговата земја ќе побара исклучок доколку проектот на ЕУ предвидува таков механизам.

– Технолошки, Бугарија може без руска нафта, но тоа би довело до значително зголемување на цените на горивото. Затоа, ако Европската комисија разгледа исклучоци, ние би сакале да ги искористиме, изјавил тој за весникот „Капитал“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел