Чилеански суд ја прекина истрагата за незаконското збогатување на Пиноче

Од:

Деветгодишната истрага во врска со овиненијата за незаконското збогатување на покојниот генерал Аугусто Пиноче заврши вчера, при што не беа покренати обвиненија против семејството на диктаторот.

Истрагата е завршена со одлука на чилеанскиот судија Мануел Антонио Валдераме, на што може да биде поднесена жалба.

Комисијата на Сенатот на САД, која се занимава со прашањето за перење пари дојде во 2004 година со податокот дека Пиноче имал повеќе тајни сметки во американски банки.

Подоцна е откриено дека имал сметки и во Европа и на Карибите. Пиноче владееше со Чиле од 1973 до 1990 година и за време на неговата воена диктатура беа убиени 3.095 лица. Генералот почина во декември 2006 година, додека беше во домашен притвор и никогаш не му се судело за незаконско збогатување и кршење на човековите права.

Пиноче и членовите на неговото семејство секогаш тврдеа дека богатството го стекнале со штедење, донации и инвестиции. Сепак студијата, која е изработена на барање на чилеанскиот Врховен суд утврдила дека Пиноче имал 21 милион долар пред да почине, од што само три милиони биле од неговата воена плата.

Би можело да ве интересира

Почина поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пињера

(ВИДЕО) Во пожарите во Чиле 99 мртви и над стотици исчезнати: „Овие бројки драстично ќе растат“

64 лица загинаа во шумски пожари во Чиле

Горан Наумовски

Најмалку 46 лица загинаа во шумските пожари во Чиле

Најмалку 10 лица исчезнаа во шумски пожари во Чиле, воведена е вонредна состојба

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Чиле