Чиле: Рудар спасен откако поминал 52 часа под земја

Од:

Еден рудар од Чиле е извлечен неповреден, откако бил 52 часа под земја, во рудник во северна област Атакама.

Рударот Марио Лопес (42) изјави дека не е повреден во несреќата во рудникот Викторија, откако се најде заробен 100 метри под земјата.

Полицијата изјави дека знаеле дека Лопес е жив, бидејќи користел чекан и удирал во метална цевка, која што поминува низ рудникот.

Спасувачките екипи истото го направиле и на тој начин му дале сигнал дека помошта пристигнува.
Инцидентот се случи во рудникот кој што е сместен во близина на градот Валенагра околу 600 киломентри северно од главниот град Сантјаго, пренесе „Франс прес“.
Случајот потсетува на несреќата од 2010 година кога 22 рудари се најдоа заробени 300 метри под земја, на северот на Чиле.

Рударите беа спасени по 69 дена поминати под земја, а драматичната операција од спасувањето беше пренесувана во живо, ширум светот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Почина поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пињера

(ВИДЕО) Во пожарите во Чиле 99 мртви и над стотици исчезнати: „Овие бројки драстично ќе растат“

64 лица загинаа во шумски пожари во Чиле

Горан Наумовски

Најмалку 46 лица загинаа во шумските пожари во Чиле

Најмалку 10 лица исчезнаа во шумски пожари во Чиле, воведена е вонредна состојба

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Чиле