Чиле ги отвори копнените граници

Од:

Чилеанските власти објавија дека повторно се отворени 22 гранични премини затворени на 17 март 2020 година поради пандемијата со Ковид-19.

За тоа време, границите со Аргентина, Боливија и Перу беа отворени за стоки, но на луѓето не им беше дозволено да преминат.

Епидемијата со Ковид-19 во Чиле се стабилизира, иако продолжуваат да се применуваат санитарни мерки, главно за странци кои не се постојани жители.

Границите може да се преминат без ограничувања. Сепак, по пристигнувањето во Чиле, патниците може да бидат подложени на случајни тестови.

Здравствените документи се пополнуваат и странците кои не се постојани жители мора да имаат здравствено осигурување во случај да треба да се лекуваат од Ковид-19.

Земјата со повеќе од 19 милиони луѓе регистрирала 3,5 милиони случаи, од кои 57.539 завршиле фатално.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Почина поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пињера

(ВИДЕО) Во пожарите во Чиле 99 мртви и над стотици исчезнати: „Овие бројки драстично ќе растат“

64 лица загинаа во шумски пожари во Чиле

Горан Наумовски

Најмалку 46 лица загинаа во шумските пожари во Чиле

Најмалку 10 лица исчезнаа во шумски пожари во Чиле, воведена е вонредна состојба

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Чиле