Четворица загинати во пожар во трговски центар во Русија

Од:

Најмалку четири лица загинаа, а 36 се повредени вчера при пожар во трговскиот центар „Адмирал“ во рускиот град Казањ, јави ТАСС, повикувајќи се на регионалната канцеларија на руското министерство за вонредни ситуации во главниот град на републиката Татарстан.

Огнот зафатил простор од околу 4.000 метри квадратни, а евакуирани се повеќе од 650 луѓе. Влезот во трговскиот центар бил целосно уништен, а огнот избувнал на првиот кат, каде се запалила продавница со перници.

Зградата на трговскиот центар е делумно урната. Вкупно 14 од повредените се пренесени во болница.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов