Четворица осомничени шверцери на луѓе се убиени во судир со либиската крајбрежна стража

Од:

Четворица вооружени осомничени шверцери на луѓе денеска се убиени во престрелка со либиската крајбрежна стража во водите крај Завија, во западна Либија. Уште двајца шверцери се уапсени, а еден се води за исчезнат, јавија светските агенции, повикувајќи се на крајбрежната стража.

-Шверцерите се наоѓаа во чамец, што придружуваше пловен објект со нелегални мигранти, кои се подготвуваа да го пресечат Средоземно Море на пат за Европа, изјави портпаролот на крајбрежната стража, генерал Ајуб Касем.

Според Касем, неговите колеги се обиделе да го избегнат судирот, но групата, вооружена со пушкомитралези и базуки, не се предала, туку почнала да пука, на што било возвратено.

Касем соопшти дека во судирот е ранет еден германски новинар, кој се наоѓал во чамецот на крајбрежната стража.

Портпаролот додаде дека чамецот со мигранти неоштетен го напуштил регионот и продолжил со пловидбата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски