Четворица мртви во воздушен напад врз Јужен Судан

Од:

Четири лица погинале, а девет се ранети во воздушниот напад врз територијата на Јужен Судан, зад кој се верува дека стои соседен Судан, соопшти денеска портпаролот на јужносуданскиот претседател.

Се верува дека Судан е одговорен за нападот бидејќи е единствената соседна држава со „историја на ваков вид напади без провокации“, изјави портпаролот Атени Век Атени.

– Иако не изнесовме директно обвинение против Судан, веруваме дека Судан е единствената држава со „антонови“ (авиони од руско производство) опремени да носат бомби и да ги испуштаат на Јужен Судан, рече Век за американските медиуми.

Меѓу погинатите во вчерашното бомбардирање има и две деца, изјави Денг Куел Куел, јужносудански функционер кој е задолжен за хуманитарни прашања во државата Бар ал Газал, на границата со Судан.

Куел изјави дека денеска имало уште едно бомбардирање, но не соопшти податоци за нови жртви.

Портпаролот на јужносуданскиот претседател, исто така, кажа дека денеска имало нови воздушни напади.

Јужен Судан се отцепи од Судан во 2011 година, по неколку децении вооружена борба, но судирите на границата и спорадичните бомбашки напади продолжија.

Двете држави повремено разменуваат обвиненија за криење или давање поддршка на бунтовниците, наведуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

Орце Костов

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска