Четворица британски војници виновни за смртта на млад Ирачанец од пред 13 години

Од:

Четворица британски војници се прогласени виновни од еден лондонски суд, за смртта на 15-годишен Ирачанец, во трагичен инцидент што се случил во 2003 година.

Војниците се виновни затоа што го натерале Ахмед Џабер Карем Али да влезе во канал со вода во близината на Басра и го оставиле да се удави.

Тинејџерот Али, претходно, бил задржан од војниците, осомничен за учество грабеж.

Судот заклучи дека војниците не требало воопшто да го уапсат 15-годишното момче, ниту да го натераат да влезе во каналот, а во секој случај требало да го спасат, затоа што Али не знаел да плива.

Британското министерство за одбрана изрази денеска „длабоко жалење“ за овој инцидент од пред 13 години.

Британските војници навлегоа во градот Басра, на крајниот југ од Ирак, на 6 април 2003 година, две недели по почнувањето на американско-британската воена интервенција.

Во тоа време, градот беше зафатен со масовни грабежи што ги вршеа разни банди, но и населението, ослободено по соборувањето на режимот на Садам Хусеин.

Британските војници биле повикани да воспостават ред во дел од индустриската зона на Басра, каде биле откриени триесетина крадливци.

Судот во Лондон користел поранешни искази на сведоци кои исто така биле уапсени тој ден и во кои се тврди дека кога биле натерани да влезат во каналот, мислеле дека ќе бидат егзекутирани.

Никој во овој инцидент не бил застрелан и не настрадал, освен младиот Али.

Сите четворица војници, во 2006 година, беа ослободени од британскиот Воен суд , пред кој беа обвинети за ненамерно убиство.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он