Четири земји-производители на нафта се договорија за „замрзнување“ на производството

Од:

Четири земји производители на нафта – Саудиска Арабија, Катар, Венецуела и Русија денеска на состанок во Доха се договорија да го замрзнт производството на енегренсот на нивото од јануари годинава.

Одлуката ќе стапи во сила, доколку и другите земји производители, го следат нивниот чекор.
Во соопштението од состанокот се вели дека ваквата одлука е донесена за да се „одржи цената на нафтата“, која подолго време бележи постојано намалување.

Од јуни 2014 година, кога цената на нафтата изнесуваше 116 долари за барел, досега таа е намалена за 70 отсто и изнесува под 30 долари за барел.

Експерти објаснуваат дека ваквото големо поевтинување се должи на „заситеноста на пазарот со премногу нафта“, намалената побарувачка, како и на состојбите во глобалната економија.
– Замрзнувањето на производството на нафта, на јануарско ниво одговара на сегашните потреби и барања на пазарот, изјави во Доха, саудискиот министер за нафта Али ал-Наими.
Тој рече дека со денешната мерка, производителите не бараат екстра цени или значително поскапување, туку само „стабилизирање“ на цената на нафтата.

Одлуката на овие четири земји доаѓа во време кога Ирак соопшти дека достигнал рекордно производство од 4,7 милиони барели на ден, како и кога Иран се враќа на светскиот нафтен пазар.

Властиите во Техеран соопштија дека јануарското дневно производство од 400 илјади барели, ќе го зголемат за уште нови 200 илјади барели на ден.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Паднаа цените на нафтата

Поскапува Еуросупер БС-98, цените на другите горива не се менуваат

Горан Наумовски