Четири партии се здружија во Арапски блок за изборите во Израел

Од:

Израелската арапска партија Балад одлучи да им се придружи на другите арапски партии со заеднички листи да учествуваат на новите избори во Израел, што веќе се закажани за септември, соопшти денеска партијата, пренесе ДПА.

Националистичката партија Балад одлуката ја донесе изминатата ноќ, со што им се приклучи на арапските партии Хадаш, Таал и Ра’ам, кои ден претходно одлучија заеднички да ја трчаат изборната трка.

Балад соопшти дека се приклучи на арапскиот блок „поради својата целосна верба во важноста од зголемувањето на застапеноста на Арапите во Кнесетот (парламентот), што значи со единствена листа и исполнување на желбите на палестинските граѓани”, се вели во соопштението.

Оттаму наведуваат дека унификацијата е потребна заради “расистичката политика” и “обидите за делегитимација на арапската јавност” од страна на израелската Влада, како и напорите на американската Влада за донесување на “Договорот на векот”.

Ајман Одех, кој ќе биде во врвот на заедничката листа на арапските партии, за ДПА изјави дека „сите ние, како народ, имаме голем предизвик пред нас”.

И покрај разликите за прашањата за правата на жените и улогата на религијата, партиите се обединети во спротивставувањето кон израелската окупација на Западниот брег и Источен Ерусалим.

Арапското население сочинува 20 отсто од вкупното население во Израел.

На изборите во 2015 година, обединетите арапски партии освоија 13 места во 120-члениот Кнесет, станувајќи трет по големина блок во парламентот. На неодамнешните избори, во април, тие, сепак, тргнаа со две одвоени листи и загубија три места, освојувајќи десет пратеничи мандати.

Новите избори се закажани за 17 септември, откако премиерот Бенјамин Нетанијаху не успеа да формира влада по неговата победа на априлските избори, пренесе ДПА.

Би можело да ве интересира

ОН го обвинија Израел за „систематски напади“ врз болниците

Вашингтон пост: Од почетокот на војната, САД му дадоа на Израел 6,5 милијарди долари помош

Горан Наумовски

Врховниот суд на Израел нареди регрутирање на ортодоксните Евреи во војска

ВИДЕО: „Светот не смее да дозволи Либан да стане нова Газа“

Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

A1on

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа