Четири лица загинаа во артилериски напад во центарот на Доњецк

Од:

Четири лица загинаа, а петмина се ранети во артилериски напад врз автобуска станица во центарот на Доњецк, јави ТАСС.

Нападот е извршен околу осум часот изутринава по локално време. Еден од проектилите ја погодил автобуската станица „Центар“.

Според очевидец проектилот го пробил покривот на станицата и предизвикал пожар на два автобуса.

Материјална штета е предизвикана и врз супермаркетот, кој се наоѓа во близина.

Портпаролот на Министерството за одбрана на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДПР), Едуард Басурин вчера изјави дека силите на ДПР имаат информации дека украинските вооружени сили подготвуваат напад врз градот Доњецк.

Тој истакна дека разузнавачката служба на ДПР има податоци дека украинските сили се групираат северно од Доњецк.

– Во близина на локалитетите Новосјоловска – 2, Авдејевка, Орловка, Новосјоловка – 1, само во текот на денешниот ден распоредени се најмалку четири баталјони од 93-та, 30-та и 28-та моторизирана бригада на украинската војска, изјави вчера Басурин.

– Ваквата концентрација на силите укажува дека украинската војска се подготвува наскоро да изврши напад врз Доњецк, во обидот да го заземе упориштето во северозападните предградија, изјави Басурин.

Би можело да ве интересира

Москва: Киев не може да се согласи со обврските за решавање на конфликтот во Украина

Горан Наумовски

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Трамп: Зеленски ќе има големи проблеми ако се повлече од договорот за ретки минерали

Горан Наумовски

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

Терехов: Харков е нападнат од руски беспилотни летала

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина