Четири лица повредени во напад со беспилотно летало во Новоросијск, Русија

Од:

Четири лица се повредени во напад со беспилотно летало во Новоросијск во Краснодарскиот крај, а оштетени се три резервоари на терминал за жито, соопшти гувернерот на регионот, Венијамин Кондратиев, на својот Телеграм канал.

„Три станбени згради се оштетени. Како резултат на нападот, според прелиминарните податоци, повредени се четири лица – двајца возрасни и две деца. На сите им е пружена потребната помош“, напиша Кондратиев.

Во Новоросијск остатоците од беспилотно летало оштетиле три резервоари на терминал за жито.

„Таму нема жртви, пожарникарите го гаснат пожарот“, додаде гувернерот, истакнувајќи дека остатоците од дронот паднале и во селото Таман во Темрјукската област и во селата Јуровка и Цибанобалка во близина на Анапа.

Предизвикана е штета на приватни куќи, но нема жртви меѓу жителите.

Кондратјев објасни дека раководителите на сите области во кои се примени извештаи за падот на дронот навремено известуваат за ситуацијата. Секој од нив има задача – да им обезбеди потребна помош на жителите.

Би можело да ве интересира

Ракетни напади врз Киев и Одеса

ФИФА размислува за враќање на руските репрезентации по тригодишна суспензија

Украина бара од Западот да ja сподели ракетна технологија

Бабиш: Големите земји-членки на НАТО треба да платат за понатамошна помош за Украина

Песков: Русија не претставува закана за Европа и нема да започне светска војна

„Политико“: Источното крило на НАТО се подготвува за конфликт со Русија, Европа се плаши дека ќе биде оставена сама