Четири колосални соларни експлозии за 48 часа

Од:

На Сонцето во период од 48 часа се случиле четири колосални експлозии, а вчера е регистрирана досега најсилната соларна бура од почетокот на оваа година.

Експлозиите не биле директно насочени кон Земјата, така што не претставувале речиси никаква опасност за сателитите и системите за снабдување со електрична енергија.

Научниците моментално очекуваат зголемен број на соларни експлозии, бидејќи оваа година 11-годишниот циклус на сончеви активности се ближи кон својот врв, т.н. соларен максимум.

Др. Роберт Маси од британскиото Кралско астрономско друштво изјави за Би-Би-Си дека она што е интересно во врска со ова случување е што експлозиите се регистрирани во мошне куси интервали.

– Тоа укажува дека се приближуваме кон соларен максимум, иако не можеме да кажеме кога сето тоа точно ќе се случи, наведе тој.

Овонеделните интензивни експлозии на енергија биле од најсилната класа Икс.

– Тоа се спектакуларни манифестации, експлозии од класа Икс еднакви на експлозии на милијарди хидрогени бомби. Станува збор за колосална количина на енергија, појасни Маси.

Соларните експлозии се проследени со исфрлување на коронална маса (ЦМЕ), феномен, во текот на кој милијарди тони набиени честички соларна плазма се исфрла во Вселената.

Најсилната сончева бура, т.н. „Карингтонов случај“, забележана е во септмеври 1859 година. Тогаш дојде до прекин на телеграфската врска, пожари во Северна Америка и Европа и појава на поларна аурора видлива од Куба и Хаваите.

Доколку бура со слична сила денес ја погоди Земјата, последиците би биле сосема поинакви, а научниците предвидуваат дека би биле дури и катастрофални.

Би можело да ве интересира

До вторник сончево и топло до 29 степени

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Наутро магла, преку ден сончево со мала до умерена облачност

Сончево со умерена облачност и температура до 13 степени

Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ