Четири дена во Јужна Америка

Од:

Се ми беше јасно, летам во Риооо!!! Дека аргентинското месо е најдобро на светот, не треба посебно да се потенцира, дека порциите се толку огромни немав ни поим, а дека е толку евтино ме остави без текст

Ова беше најдобар можен лет кој можеш да го добиеш на резерва. Имено, постојат летови кои се многу барани и луѓето ги бараат, ретко се добиваат на ростери, дестинациите се одлични и автоматски никој никогаш не пропушта такви летови, освен ако не е навистина болен!

Во 3.20 наутро ми заѕвони телефонот, очигледно некој беше навистина болен па стендбајот не траеше долго, но не спиев долго и јас кога жената на телефон ми рече: Избрана си за лет број тој и тој и се тргнува во 7.10.

– Ок, а кој е тој лет? Каде патувам? Чисто да знам дали морам да пакувам куфер, дали се работи за леј-овер или е само еднодневен трн араунд? Ахамм, чекај да проверам… И во тој момент ја слушнав како го прашува колегата што значи назнаката ГИГ? Досега сите назнаки на аеродромот на кој летаме ни се во малиот прст. И се ми беше јасно, летам во Риоооо!!! И Буенос Аирес!!! Вауууу!!!

Минатиот и единствен пат кога го имав тој лет, останав три дена во Рио и немав можност да ја видам Аргентина на барем неколку часа, но сега сакам да ја видам. Пакувањето во 4 наутро не може никако добро да заврши, па така дојдов во Бразил без куси панталони, но ајде, таму е зима и нема да изгледам како да сум паднала од Марс. Убав, мирен, но турбулентен лет. Под мирен мислам, сите спиеја во тек на летот. Повер ап во автобусот до хотелот и право на вечера!

На вакви дестинации екипажот сака да излегува заедно, а за тоа навистина немав желба првата вечер. Да бидеме реални, не се тоа твои пријатели со кои веќе знаеш што и како, туку 15 непознати луѓе од кои секогаш некој доцни, некој диктира и води главен збор, повеќето сакаат да бидат пилоти бидејќи сакаат да мислат дека знаат се и дека се водачи на групата и надвор од униформа.

На некого не му се допаѓа местото на кое се оди па кенка половина ноќ, некој ќе се напие, некој сака дома, некои не знаат како да се однесуваат на маса, на некого му се оди во тоалет, некого го боли глава, некој е на мобилниот цело време, некој приговара на келнерите… Со еден збор, циркуз!

А да не зборам како изгледа моментот кога ќе дојде сметката на маса.

Затоа ние тројца се одвоивме и отидовме во ресторан по приватна препорака. Локално место покрај Ипанеме, во кое го добив најголемиот можен стек кој некогаш сум го видела во животот, и го изедов. Совршено сочен, ми течат лиги на самата помисла, а ако јас не успеам да ја довршам порцијата до крај, тогаш знаете колку е часот. А јас секогаш јадам се што ќе порачан и тоа што другите ќе го порачаат и малку повеќе од тоа. Океј претерувам, но you get the point.

Исто така мислам дека нема смисла да се напоменува како луѓето таму зборуваат англиски исто како и јас португалски, но кога се работи за храната и пиењето се разбираме совршено. И подобро од тоа. Прошетка по улиците со сок во рацете и назад во хотелот на спиење, денот број 2 ќе биде многу долг.

Будењето во облачно утро значеше подолг појадок, со еден од топ 5 најубавите хотелски погледи и излежување покрај базенот до тргнувањето за Буенос Аирес. На овој сектор летот трае само три часа и сеедно имаме лејовер цел еден ден. Помала група одлучија заедно да вечераат па им се придружив и јас, бидејќи одеа неколку луѓе кои ги сметав за доволно интересни и цивилизирани за разговор со вино и погодете, уште еден стек!

Ова може да звучи прилично препотентно од мене, но откако ќе се изнагледаш и наслушаш се и сешто од луѓе со кои си принуден да поминеш неколку часа во авион, стануваш пребирлив со кого сакаш да го поминеш она малку слободно време. Ако сакаш. Некои луѓе едноставно не можеш да ги избегнеш, колку и да се трудиш, но потоа тоа се приказни кои ми влегуваат во едно уво а излегуваат од друго, во рок од милисекунда, бидејќи мојот мозок едноставно одбива да процесуира толкаво количество на глупости кои некој може и има потреба да ги изговори. Досега да не ја развиев таа способност, не би можела во целост да уживам во уште една одлична вечера.

Дека аргентинското месо е најдобро во светот, не треба посебно да се потенцира, дека порциите се толку огромни немав поим, но дека е толку евтино ме остави без текст. Полна трпеза плус три децилитри вино, плус бакшиш. Да заокружиме на 15 евра, иако беше помалку.

Квартот Палермо е познат по своите ресторани, клубови и кафулиња, а колку е добро и популарно местото на кое не однесе девојката која го организира тој лет над 20 пати, зборува фактот дека на маса се чека и по три часа! Предолго траеше денот и сите бевме подготвени за туш, а утрешниот ден да го поминат во прошетка низ градот.

Денот број 3 еднакво е долг, ако не и подолг од претходниот. Будење рано наутро, прекрасен сончев ден и недоволно време за сечии желби. Истата екипа се упати по сувенири, вино и она најслатко од Аргентина – Дулче ди лече! Како најдобро да се објасни што е тоа? Да кажеме вака, она што нам ни е „Нутела“, или на Американците „пинат батер“, на Аргентинците им е Дулче ди лече. Намаз од карамела! Мљац на ен-та потенција!

По шопингот појдовме накај Ла Бока, да го видиме квартот во кој е родено Тангото! Каминато е уличка во која куќичките се обоени во разни бои, каде танчери танцуваат на мали бини на рестораните, каде се продаваат сувенири, облека, а некаде и храна. Типично за Аргентина, каде чичко што личи на Пеле ќе ти украде пари при фотографирање со него, исто како и танчерите на танго, каде по 6 навечер или кога ќе се стемни, не се препорачува посета на тоа место, бидејќи е нај небезбеден кварт во градот.

Сега ми е малку непријатно да напишам дека повторно седнавме на стек и колбаси за ручек, бидејќи се чувствувам дека ќе се претворам во еден голем стек по овие три дена, но нема да се лажеме, не дојдовме во Аргентина да џвакаме салата. Така ли? Така е…

Иако можеби 24 часа е доволно време за разгледување, не е! Некогаш една недела не е доволно, а не пак еден час. Кога ќе го одземеш времето за подготвување за лет, возењето од аеродромот па до аеродромот, спиењето… ти остануваат едвај 10 часови се заедно. Така дефинитивно морам назад!

По летот назад за Рио, кога ќе дојде ден број 4, на било кој т.н. мулти сектор па и на овој, веќе ти е помалку доста од се. Повеќе не знаеш на кој кат и во која соба одиш, повеќе не знаеш кога треба да спиеш, да бидеш одморен пред следниот лет, сакаш да останеш таму или да се вратиш дома во својот кревет…

Последниот ден во Рио беше прекрасен! Прошетавме до Ипанеме и Копакабана, купивме по неколку Хаваинасика кои чинат 10 евра, купивме и Качаса, и остатокот од денот го поминавме на плажа со сок од кокос, одбојка и фудбал на песокот. Дури се обидовме да играме во бранови од половина метар, а од шорцевите за капење отстранив толку многу песок доволно за мала песочна скулптура. А остатокот ќе мора да го исчистат кутрите тетки што ги чистат собите.

И така почна да се приближува времето на поаѓање, а ти седнуваш на плажа, сонце од запад, го слушаш звукот на брановите и во тој момент ќе те стрефи помислата… Цело тоа уживање, сите тие доживувања, сите дестинации, восхитувања, возбуди, па дури и тоа спротивното, негативното, се што доживуваш…

Сето тоа не е ТОА ако покрај тебе не седи некој со кој сакаш тоа да го поделиш, а не некој со кој делиш, бидејќи ете сега е покрај тебе. Премногу емоции остануваат во тебе бидејќи секој ден колку и да си опкружен со стотина луѓе, многу често се чувствуваш сам, само затоа што не се ТВОИ луѓе. Тие со кои секое „Вауу“ за вакво место би било двоно“ поголемо „Вауу“, да се тука, со тебе…

Индекс – Загреб

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија