Чешкиот претседател Клаус не сака да се извини за критиките кон својот претходник Хавел

Од:

Чешкиот претседател Вацлав Клаус не се срами за критиките кои ги упати кон својот претходник, починатиот Вацлав Хавел нарекувајќи го екстремен левичар кој го кршеше постоечкиот човечки ред, јави дописникот на МИА од Прага.

– Тоа се мои долгорочни ставови и за нив не се срамам. Мислам дека се вистинити и точни, а згора на тоа сум ги кажал и порано, изјави Клаус.

Тој неодамна, во интевју за полскиот неделник „До речи“ го обвини поранешниот чешки претседател Хавел дека место демократија сакал елитистичка постдемократија и наместо за конзерватизмот и традиционалните вредности се залагал за модернистичко уривање на општеството.

Идеологијата на поранешниот дисидент Хавел, познат како борец за човекови права, за Клаус е „хавелизам“, кој го спореди со францускиот „јакобинизам“.

Клаус беше критикуван од Клубот на чешките писатели, чиј член беше и Хавел, кои го замолија претседателот во заминување да се воздржи од остри напади врз својот претходник.

Тие потенцираа дека Клаус драстично се дистанцирал од тонот со кој претходно, во 2011 година кога почина Хавел „му искажа почит и благодарност“ како на политичар, интелектуалец и уметник.

Чешкиот претседател, чиј мандат завршува на 7 март, во последно време се истакнува со своите остри и критички ставови.

Пред неколку месеци, книгата која ја објави неговиот советник Петр Хајек „Смрт во кадифе“, каде авторот го нарекува Хавел „инструмент на лаги и омрази“, Клаус ја препорача како задолжително четиво.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски