Чешкиот претседател е против предвремени избори

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан, по најавената оставка на премиерот Петр Нечас не сака предвремени избори во земјата. Ова го најави Нечас, по средбата со Земан додавајќи дека со претседателот разговарале за сите можности за решавање на актуелната состојба. Нечас, за вечерва најави дека ќе поднесе оставка и со тоа ќе ја заврши својата политичката кариера заминувајќи и од лидерската позиција на најголемата владејачка партија, Граѓанска демократска партија, ОДС.

Сепак, тој ќе го доврши пратеничкиот мандат, но во иднина нема да се кандидира за ниедна функција.

Оставката на Нечас, додаѓа три дена по откривањето на досега најголемиот политички скандал во земјата, во кој специјалната полиција за откривање на организиран криминал во четвртокот, заедно со уште седум лица ја уапси шефицата на премиерскиот Кабинет Јана Нагиова.
Нагиова е осомничена за корупциска поврзаност со лобисти и бизнисмени, нудење функции во државни фирми на поранешни пратеници како противуслуга за откажување од мандатот, но и неовластено давање наредби до Службата за воено разузнавање за следење на Радка Нечасова, сопругата на премиерот.

При рацијата, индиректно се откри наводна љубовна афера на Нечас со Нагиова, за која веќе подолго време се шпекулираше и тоа само по еден ден откако тој ја информираше јавноста дека со сопругата одлучиле да се разведат.

Денешното поднесување оставка на Нечас, сепак според Уставот на земјата ќе значи паѓање на целата Влада.

Раководството на владејачката коалиција се надева дека ќе успее да предложи нов премиер за чие име ќе одлучува денеска, но постојат и други начини за решавање на кризата, а тоа е повторно составување на министерски Кабинет, кој ќе треба да добие поддршка од 101 пратенички глас во Собранието.

Опозицијата се погласно бара вонредни парламентарни избори и распуштање на Парламентот.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски