Чешкиот премиер Петр Нечас најави битка со учесниците во соларниот бизнис

Од:

Чешкиот премиер Петр Нечас се впушти во битка со фирмите кои се занимаваат со бизнисот во областа на соларната енергија, јави дописникот на МИА од Прага.

 – Тоа е многу остра борба, во која се работи за десетици, стотици милијарди, од нашите џебови, како потрошувачи или како даночни обврзници, кои завршуваат на сметките на одбрани групи на луѓе, рече Нечас за Чешката државна телевизија ЧТ.

Луѓето кои се занимаваат со тој бизнис, Нечас ги нарече „соларни барони, агресивна група која не се плаши од никого“.

Чешката Република великодушно го субвенционира бизнисот со сончевата енергија преку повластени тарифи за електрична енергија, а особено претприемачите заработија во 2009 и 2010 година, кога основните трошоци беа значително мали.

Во тоа време, во Чешка никнаа најголем број од соларните електрани, така што нивната вкупна инсталирана моќност ги надминува перформансите на нуклеарната централа „Дуковани“. Податоците од споредбата со Германија, покажуваат дека чешкиот пат води кон снижување на зависноста од јагленот, што никако не е случај со Германија.

– Тука дојде до јасен неуспех. Во Бруто домашниот производ (БДП) моќноста на чешките соларни електрани е највисока во цела Европска унија. Повисока е и од јужните земји како Италија или Шпанија. Тука сите чувствуваме дека нешто не е в ред, оцени Нечас.

Сега владејачката Граѓанска демократска партија (ОДС) на Петр Нечас во 2005 година кога беше изгласана значителна поддршка на соларната енергија беше во опозиција и не гласаше за неа.

Соларните електрани во последно време се многу актуелна политичка тема во Чешка и поради владиниот предлог за укинување на анонимните акции, односно за укинување на можноста сопствениците на големите соларни електрани да бидат анонимни.

– Доколку некој црпи од јавните средства не може да остане анонимен, изјави во таа насока неодамна, министерот за индустрија Мартин Куба.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски